LG puricare – технолошки напредна маска создадена за лесно дишење

50

Компанијата LG поради пандемијата на корона вирусот произведе прочистувач на воздухот кој се става на лице како маска.

LG создаде технолошки напредна, лесна за носење, за повеќекратна употреба маска која ви овозможува слободно да дишете. LG puricare маската има дизајн кој ја рефлектира неговата чиста природа преку целосно бела форма која лесно се вклопува на лицето и доаѓа со кутија која што ги убива штетни бактерии со UV-LED светла.

Маската доаѓа со повеќе високи перформансни филтри кои овозможуваат снабдување со свеж, чист воздух, додека пак патентиран респираторен сензор го детектира циклусот и волуменот на воздухот на носителот и соодветно ги прилагодува двојните вентилатори, за да направи овозможи дишење без напор.

LG puricare се смета за доста добар производ бидејќи пружа подобра заштита од маските направени од платно а со самото тоа што се за повеќекратна употреба се подобри од маските за еднократна употреба бидејќи не ја загадуваат околината. Ергономскиот дизајн кој се прилагодува на лицето не дозволува проток на воздух околу носот и брадата и е удобна за повеќечасовно носење.

Навидум големата маска е релативно лесна бидејќи располага со лесна батерија од 820mAh што нуди помеѓу два и осум часа во зависност од употребата и режим на прочистување. LG puricare маската за лице е придружена со футрола за да се обезбеди одржување и хигиена помеѓу употреба и приклучок за полнење.

Маската е поврзана со вашиот смартфон преку апликација која ве известува за батеријата за истрошеноста на филтрите. Сите компоненти можат да се заменат и рециклираат, а како производ LG puricare ќе биде претставена на виртуелната изложба на IFA 2020.