LG заврши со производство на телефони

38

Компанијата LG во април соопшти дека излегува од бизнисот со мобилни телефони, а со оглед на тоа дека потребно е време за гаснење на сите операции, вчера беше последниот ден од производството на смартфони и таблет компјутери во компанијата.

LG ќе продолжи да нуди поддршка за постојните уреди, а премиум моделите имаат три години софтверска поддршка. Некои модели, меѓу кои и мобилните телефони од серијата Q, ќе добијат Android 12, додека најновите премиум модели ќе отидат чекор напред до Android 13.

Фабриката на LG Electronics во Виетнам, каде што се произведува најголем дел од телефоните на LG, ќе биде трансформирана во фабрика за апарати за домаќинство. LG веќе ја заврши транзицијата на некои од своите производни капацитети за вработените во фабриките за телефони да си ја задржат работата. Останатите работници од производните линии за мобилни телефони ќе добијат нови задачи до крајот на јули.

Фабриката во Хаипхонг почна со работа во 2015 година и произведува ТВ уреди и апарати за домаќинство. Сестринските компании LG Innotek и LG Display произведуваат камери и екрани на таа локација. LG со тоа е на пат да стане најголем производител на апарати за домаќинство, а продажбата во вториот квартал изнесува 6,3 милијарди долари.

Фото: Pixabay