Лидерите на Г7 планираат да ја ограничат цената на руската нафта, очекуваат намалување на цените на горивата

123

Лидерите на Г7 – индустриски најразвиени земји планираат да ја ограничат цената на руската нафта и да усвојат пакет координирани акции со цел да се зголеми притисокот на Русија поради војната во Украина.

Сè уште не се знае како, кога и колку ќе се ограничи цената на руската нафта, а сè уште се работи на прецизен механизам за воведување рестрикции.

„Целта овде е да се изгладни Русија, да се лиши Путин од неговиот главен извор на готовина и да се намали цената на руската нафта за да се ублажи влијанието на војната на Путин врз цените на горивото“, рече висок претставник на американската администрација.

Бидејќи цените на нафтата драстично пораснаа, приходите од руската нафта всушност растат и покрај санкциите. Западните лидери сакаат да ги намалат приходите на Русија од земјите кои сè уште ја купуваат нејзината нафта.

Не е јасно како тие имаат намера да го направат ова. Неименуван функционер пред Си-Ен-Ен сугерирал дека земјите од Г7 имаат влијание преку мрежите за транспорт на нафта што би можело да помогне во спроведувањето на ограничувањата.