Лидерот на OMV: Европа не е подготвена да го забрани рускиот гас

76

Европа не е подготвена да го забрани увозот на гас од Русија, а прекинот на испораките ќе влијае на нејзината индустрија и на целокупната економија, изјави првиот човек на OMV, Алфред Стерн во интервју за „Kurier“.

„Мислам дека денес не сме подготвени за ембарго, освен ако не сме подготвени да ги прифатиме последиците. Една работа треба јасно да се разбере: ние не обезбедуваме снабдување со гас со сопствено производство во Европа, туку со испораки од Русија“, рече Стерн.

Според лидерот на OMV, прекинот на снабдувањето би имал големи последици за индустријата и економијата.

„Секако дека има закон за управување со енергијата со кој ќе се обезбеди топлинска енергија на домаќинствата. Домаќинствата годишно трошат во просек околу 20 отсто гас, ни требаат околу 35 отсто за производство на енергија и околу 40 отсто за индустрија. Сепак, не се работи само за тоа, туку и за одржување на нашата економска активност, а тоа не би било целосно можно во случај на ембарго“, рече Стерн.

Што се однесува до нафтата, Стерн рече дека OMV не користи руски суровини во ниту една од своите рафинерии. Но, тој предупредува дека Русија произведува 10 милиони барели дневно, десетина од светското производство, од кои 50 отсто се извезуваат.

„Тоа се значителни количини, а разликата во цената помеѓу нафтата Брент и Урал во моментов е 30 долари. Безбедноста чини пари, а ембаргото го намалува обемот на испорака. Поради послабите економски прогнози, побарувачката за нафта веројатно нема да се зголеми толку многу, но може да се очекува дека цените на нафтата ќе останат високи. Пазарите не реагираат само рационално, тие се водени од страв и емоции“, вели Стерн.