Lidl инвестира 700 милиони евра во БиХ

45

Познатиот германски синџир Lidl отвора продавници и во Сараево и нивните инвестиции во Босна и Херцеговина за почеток ќе изнесуваат околу 700 милиони евра, пренесуваат тамошните медиуми.

Покрај отворање на маркети, најавени се и некои нови инфраструктурни проекти.

“Утрово има состанок поврзан со доаѓањето на Lidl во Сараево, предложивме локации каде што може да се направи таков објект во Стар град, но тука се вклучени и неколку други релевантни институции коишто мора да дадат мислење. Доколку се усогласиме Lidl оваа година би требало да се најде и во нашата општина“, вели Ибрахим Хаџибарјич, началник на општината Стар град.

Фото: Pexels