Лидл ќе гради логистички центар во Куманово

40

Општина Куманово соопшти дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец „Лидл“ за изградба на логистички центар.

Постапката за отуѓување на градежно земјиште е спроведена по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре, м.в. Новине и м.в.Речица.

На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје.

Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха), и истата изнесува 325.920.015,00 денари (~5,3 мил. Еур).

Во наредниот период следува завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна.