Lidl ќе продава автомобили во Германија

90

Синџирот супермаркети Lidл неодамна најави продажба на автомобили во Германија, по дисконтни цени. Lidl во 2016 година во рекорден рок го продаде Fiat 500, a сега се обидува со експеримент со три модели, но само во Германија.

Овие автомобили се нудат во форма на лизинг што трае 48 месеци, а за оваа комерцијална операција Lidl се здружил со компанијата за изнајмување автомобили Sixt. Ќе бидат понудени Renault Twingo, по цена од 99 евра месечно, Renault Clio 5 чија цена ќе биде 109 евра месечно и Kia Stonic што се продава по цена од 135 евра месечно, пренесува HAK revija.

Покрај тоа, Lidl нуди услуги како што се достава на возила, договор за одржување од 20,80 евра месечно, па дури и осигурување. Може да се претпостави дека лизингот на автомобили ќе се прошири и на други европски земји.

Фото: Pexels