Lidl на вработените во САД им нуди дополнителни 200 долари за да се вакцинираат

26

Германскиот трговски ланец на супермаркети, Lidl на вработените во САД им нуди по дополнителни 200 долари на оние кои ќе се вакцинираат против коронавирусот, бидејќи расте бројот на сојузни држави во коишто вакцинирањето е достапно.

Оваа одлука на Lidl следи откако и други компании во САД, како што Aldi и Dollar General,  им даваат парични стимулации на вработените за да ја примат вакцината против коронавирусот.

Повеќето држави во САД сè уште ги вакцинираат здравствените работници и жителите и вработените во установите за згрижување, како што се домовите за стари лица.

Фото: Freepik