Lidl планира да престане со продажба на пластични кеси од следната пролет

7

lidl kesi

Германскиот трговски синџир Lidl планира да престане со продажба на пластични кеси од следната пролет, пишува Esm magazine.

“Ние сакаме на потрошувачите да им понудиме разумни и издржливи алтернативи, а во исто време да ги мотивираме да размислуваат за ефикасно искористување на ресурсите“, велат од Lidl.

Со оваа одлука ќе се зачуваат околу 100 милиони пластични кеси годишно, што е еднакво на околу 3.500 тони пластика.

Како замена на пластичните кеси, Lidl и понатаму ќе ги користи мултифункционални торби што ги има низ супермаркетите во повеќе земји. Потрошувачите ќе можат да изберат пет видови на торби: за замрзната храна, 100% памучна, хартиена, торба од издржливи ткаенини или торби со fair trade сертификат на меѓународното социјално движење што промовира одговорно однесување во трговијата.