Lidl Србија на 11 октомври отвора 16 продавници во 12 градови

284

Lidl Србија ќе започне со работа на 11 октомври, отворајќи 16 продавници во 12 градови, се вели во соопштението.

Жителите на Белград, Бор, Зрењанин, Крагуевац, Лесковац, Ниш, Нови Сад, Смедерево, Сомбор, Суботица, Ужице и Шабац ќе имаат можност први да купуваат во еден од најпознатите ланци на маркети во Европа.

Отворањето на комплетираните продавници во другите градови ќе следи од ноември и ќе продолжи и во наредните месеци. Првите потрошувачи во продавниците Lidl ќе дочекаат повеќе од 1.000 продавачи кои поминаа повеќемесечни обуки со цел да понудат што подобра услуга.

Lidl за потрошувачите во Србија подготви внимателно одбран асортиман од 1.500 производи, а на полиците покрај единствените Lidl брендови ќе се најдат и производи на домашни добавувачи.

На денот на отворањето на маркетите во Lidl ќе работат повеќе од 1.500 луѓе.