Лидл во Србија ќе донесе 40% пониски цени

64

OLYMPUS DIGITAL CAMERAДоаѓањето на трговскиот ланец Лидл во Србија на потрошувачите ќе им понуди од 20% до 40% пониски цени од просечните пазарни цени. Со влегувањето на српскиот пазар, Лидл ќе придонесе за општ пораст на квалитетот на трговските услуги, ќе ја потполни понудата, но и ќе ја заостри конкуренцијата, што ќе доведе до пад на цената на одредени производи, сметаат експертите.

“Што поголема слобода на изборот, толку подобро за секого, а пазарот може да делува добро и за најсиромашните”, изјави Александар Стевановиќ, економист од Центарот за слободен пазар за Танјуг. Тој објаснува дека Лидл ќе овозможи купување на евтини производи со пристоен квалитет, но не онаков каков што имаат произведувачките брендови. Стевановиќ очекува цените во Лидл да бидат и до 40% пониски.

Германскиот трговски ланец Лидл работи како дисконт. Тоа значи дека може да користи продажен простор помал од 1.500 метри квадратни, а асортиманот е ограничен од 700 до 1.500 артикли. Системот на продажба е организиран во вид на самопослужување, а производите се изложени во кутии. По правило, дисконтните цени се пониски за 20% до 30% од просечните пазарни цени.