Ликот на Федерер ќе се најде на швајцарска монета

27

Швајцарската монетарница Swissmint издава монета во чест на тенисерот Роџер Федерер, стои во официјалното соопштение.

За прв пат во историјата, како што се наведува, Swissmint посветува швајцарска комеморативна монета на жива личност – Роџер Федерер.

Ликот на Федерер ќе се најде на сребрена монета од 20 франци, а ќе биде издадена на 23-ти јануари следната година. Планирано е во мај да биде издадена и златна монета, којашто , исто така, ќе биде посветена на Федерер.

Според Swissmint, не постои некој друг Швајцарец кој е толку популарен како тенисерот.

Фото: Swissmint.ch