LinkedIn воведува таргетирано рекламирање

27

linked inДеловната социјална мрежа LinkedIn, постојано презема мерки со цел да привлече нови и да ги задржи постојните корисници, но и да покаже на дека е одлична платформа за рекламирање.

Последните промени на оваа деловна социјална мрежа се однесуваат токму на рекламирањето. Tоа ќе може да се направи преку избор на посакуваниот јазик, а воведено и е персонализирано поле за Интернет страница на компанијата што се рекламира.

Целта на овие новини е да им се овозможи на компаниите кои се активни во повеќе региони поефикасно да ги користат содржините на оваа мрежа.

На пример, рекламите на чешки или француски јазик може да се споделат само со корисниците кои како свој јазик ќе одберат еден од овие јазици. Еден од проблемите е во тоа што голем дел од корисниците на LinkedIn го користат англискиот јазик, па така ова таргетирано рекламирање може да ги заобиколи.

Персонализираното поле, од друга страна, ќе значи дека корисниците кои доаѓаат на страницата на некоја компанија, на истата ќе можат да ги видат само објавите за кои се проценува дека се релевантни за нив, односно вестите и рекламите поврзани за регионот од кој доаѓаат.

Но, филтрите што ќе се користат не се поврзани само со регионот и јазикот, во предвид се зема и големината на нивната компанија, индустријата од која доаѓаат, позицијата што ја имаат и слични фактори.