Листата на милијардери на Forbes се зголеми за 117 нови само во Европа

65

Минатата година беше генерално повеќе од добра за милијардерите, па така и за оние европските. Европа сега има дури 628 милијардери, според списокот на Forbes за 2021 година, а тоа се 117 повеќе од претходната година.

Нивното богатство изнесува дури три билиони долари – билион повеќе од годината порано, пишува Forbes. Од ова е јасно дека европските милијардери, како и милијардерите во остатокот од светот, не беа посебно погодени со корона пандемијата.

Бројот на милијардери порасна за дури 30%, според годишниот извештај на угледниот Forbes и сега ги има 2.755, од кои 493 нови членови на тој елитен клуб. Речиси 90% денес се побогати отколку пред пандемијата.

Вкупното богатство на милијардерите нарасна за дури осум билиони долари минатата година и сега изнесува околу 13 билиони долари, се вели во извештајот на Forbes.

Инаку, најбогатиот човек на светот повторно официјално е основачот и главен директор (иако оваа година ќе отстапи од таа позиција) на гигантот за онлајн продажба Amazon, Џеф Безос. Неговиот имот се проценува на надреални 117 милијарди долари – 64 милијарди повеќе од лани.

Втор најбогат е Илон Маск, основач, главен директор и најголем акционер (21%) на Tesla, сега тежок 151 милијарди долари.

Трет најбогат човек на светот и најбогат Европеец е Французинот Бернард Арнo, чија семејна компанија LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton држи 70 елитни брендови. Богатството на Арнo се зголеми за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.

Четврт најбогат на светот и втор најбогат Европеец е Шпанецот Амансио Ортега, сопственик на синџирот Zara, тежок 77 милијарди долари – 22 милијарди повеќе од 2020 година. Тој се наоѓа на 11 место на листата на Forbes.

А веднаш зад него е Французинката Франсис Бетанкур-Мејерс. Таа е најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари што е за 24,7 милијарди повеќе од 2020 година.

Фото: Pixabay