Литература.мк – поставени прочистувачи на воздух што ги користи и НАСА

110

Ставајќи ја грижата за своите потрошувачи во преден план, меѓу кои и воздухот кои го дишат и нивното здравје, во суперпродавницата Литература.мк во трговскиот центар Скопје Сити мол неодамна беа поставени најсовремените уреди за прочистување на воздухот – Dust Free – Air Knight.

Станува збор за уреди за прочистување со фотокатализатори што го користат процесот фотокаталистичка оксидација (Photocatalytic Oxidation) и коишто влијаат врз коронавирусот и гриповите, а потврда за нивниот ефект може да се најде во голем број независни истражувања меѓу кои и анализа од Универзитетот во Милано. Оваа технологијата е развиена и користена од НАСА (Национална аеронаутичко-вселенска управа) за санитизирање на леталата за вселенски мисии, каде што единствениот услов е стерилен воздух. Покрај дезинфекција на воздухот се добива и зголемување на ефикасноста на филтрите M6 за 9,9 отсто како последица на јонизацијата на честичките, како и ефикасност до 100 % во уништувањето бактерии и вируси.

Уште при подготовката на овие прочистувачи на воздухот, експертите заклучиле дека во денешното општество речиси 90 отсто од времето го минуваме во затворени простории. Но, Dust Free – Air Knight генерира природни оксидирачки јони што се транспортираат и ги уништуваат загадувачите преку воздушните системи и во средината.

Од Литература.мк велат дека продолжуваат да се грижат за своите посетители во секој сегмент, почнувајќи од тоа да им овозможат здрава средина за купување за време на празничниот период, како и огромен избор нови изданија за сечиј вкус и сечија возраст.