Литванија целосно го прекина увозот на руски гас

28

Литванија целосно го прекина увозот на руски гас, соопшти претседателот на таа земја Гитанас Наузеда.

Од овој месец веќе нема руски гас во Литванија“, напиша Наузеда на Твитер.

Тој изјави дека Литванија пред многу години донела одлуки кои денес и овозможуваат безболно да ги прекине енергетските врски со Русија, пренесува РИА Новости.

„Ако можеме да го направиме тоа, може и остатокот од Европа“, напиша Наузеда.

Претходно Европската комисија објави дека планира да ја намали зависноста на ЕУ од рускиот гас, а рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за трговија со гас со „непријателските земји“.