Љубљана меѓу најодржливите градови во светот

204

Познатиот издавач на туристички водичи, Lonely Planet, направи листа од осум најодржливи градови во светот, меѓу кои се наоѓа и Љубљана.

На списокот се најдоа и Копенхаген, Портланд, Сингапур, Бенгалур, Ванкувер и Сан Франциско.

Словенечката престолнина доби пофални зборови поради тоа што во нејзе може да се живее, “исклучително е чиста и сè позелена“, пренесуваат словенечките медиуми.

Во статијата се наведува дека Љубљана беше првиот европски град што си постави цел без отпад, како и преку 10 хектари од центарот на градот да биде пешачка зона.

“Новиот и најсовремен систем за управување со отпад ќе значи дека градот испраќа 80% помалку отпад на депониите одошто во 2008-ма година, со цел до 2025 година да го намали на само 60 килограми годишно по лице“, наведува Lonely Planet.

Фото: Pixabay