Љубљанска берза стана активен член на SEE Link

75

ljubljanska-berza

Љубљанската берза, од осми овој месец, стана активен член на платформата SEE Link, откако аплицираше на почетокот на оваа година.

Пред неколку дена на SEE Link се приклучи и Белградската берза, со што Љубљанската берза е втора што активно се вклучува по трите берзи основачи на платформата.

“Љубљанската и Белградската берза се последните берзи од регионот што се вклучуваат кон SEE Link и тоа е голем чекор кон поблиска регионална соработка. Малите берзи од регионот не може да бидат успешни сами и да изградат силни врски за создавање силен и успешен регионален пазар“, изјави Алеш Ипавец, претседател на Одборот на директор на Љубљанската берза.

SEE Link е проект на Софиската, Загрепската и Македонската берза, со цел да се креира регионалната инфраструктура за тргување на хартиите од вредност коишто котираат на овие три берзи.