Лондон ќе добие облакодери што нема да прават сенка

61

3043695-poster-p-1-could-we-design-a-skyscraper-that-casts-no-shadowГрадежна компанија со седиште во Лондон разви план да изгради пар облакодери што нема да прават сенка, пишува Huffington Post.

Ова би било идеално решение за високите градби во метролите поради кои урбаните центри не добиваат сончева светлина.

Од компанијата тврдат дека имаат решение за овој проблем така што светлината од едната зграда ќе се одбива во другата осветлувајќи ја нејзината сенка.

3043695-inline-i-2-could-we-design-a-skyscraper-that-casts-no-shadow (1)

Иако сенката од зградата која ќе ја рефлектира светлината ќе остане, според прецизни алгоритамски мерења сенката од облакодерите ќе биде намалена за 60%.

Осветлувањето на сенката ќе се менува во зависност на движењето на сонцето во текот на денот.

london-skyscraper

Од NBBJ велат дека светлината што ќе се одбива нема да прави заслепувачки одблесок на пешаците. Таа ќе биде дифузирана и нема да има никакви штетни последици за луѓето и околните градби.

Во следните неколку години Лондон треба да добие уште 250 нови високи згради и не смее да си дозволи живот во сенка.

Токму затоа овој концепт добива само позитивни коментари и критики.