Лондонска берза ја презема американска Refinitiv за 27 милијарди долари

88

Акционерите на Лондонска берза (London stock exchange – LSE) го поддржаа преземањето на американската компанија за обработка на податоци Refinitiv за 27 милијарди долари, пишува Reuters.

Директорот на LSE, Дон Роберт, на состанокот со акционерите во Лондон, изјави дека управниот одбор едногласно го поддржа склучувањето на договор со Refinitiv, бидејќи тоа е “одлична прилика“, што им е во интерес и на акционерите и на компаниите.

Договорот за преземање доби поддршка од 99,27% од гласовите, а 99,26% ја поддржаа идејата на LSE да емитува акции за да собере доволно финансиски средства за оваа трансакција, што треба да се финализира во втората половина на следната година.

Фото: Pixabay