Лоша недела за доларот

80

Крајот на март беше лош за курсот на доларот, а американската валута ослабе и во однос на еврото и во однос на јенот.
Причината секако се американските банки кои ги загрижуваат инвеститорите. Вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна и минатата недела, втор пат по ред.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,7 отсто, на 103,11 поени.

Истовремено, доларот ослабе за 0,8 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0760 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна, пак, за 0,9 отсто, на 130,70 јени.

Доларот беше под силен притисок на почетокот на неделата бидејќи инвеститорите останаа загрижени поради колапсот на две американски банки – Силиконската долина (SVB) и Signature – и проблемите во неколку други регионални и локални банки.

Фото: Pixabay