Лотарија на Македонија со добивка од 6,6 милиони денари ја заврши ланската година

35

Лотарија на Македонија ланската година ја заврши 2020 година со добивка од 6.643.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше 10.540.000 денари.

“Во период од 01.01.2020-31.12.2020 година Лотарија на Македонија АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 6.643.000 денари, што претставува намалување за 37% споредбено со 2019 година.

Кај оперативната добивка во износ од 7.702.000 денари споредбено со минатата година има намалување од 38%“, стои во Образложението кон остварените резултати за 2020 година.

Остварените вкупни приходи за период 01.01.2020-31.12.2020 година, во висина од 28.427 илјади денари, како што стои во Образложението, се намалени за 20,80% споредбено со остварените приходи во 2019 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,52% имаат оперативните приходи, кои за овој период се намалени за 20%  во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои се 0,48% од вкупните приходи има намалување за 80%.

Фото: Facebook