Ловните тур-оператори заинтересирани за Јасен

28

Ловиштето Јасен е позната и атрактивна дестинација за ловџиите од Русија и САД, а последните години и на љубителите на ловот од Европа. За да го одржат интересот за овој ловен предел во кој живее и рисот како заштитен автохтон и редок дивеч, во соработка со дипломатските претставништва и промотори низ светот, раководството на Јасен, заедно со Агенцијата за промоција на туризам вршат интензивен маркетинг прилагоден на подрачјето каде се презентираат.
“Во моментов државните ловишта на Република Македонија се лидери на Балканот, а веќе три години зад нас се Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора и Хрватска”, вели раководствот на Јасен.
Ловот во ова државно ловиште се изведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори во светот. Во договорите се дадени ловни пакети за определени видови на дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира.
Измените на Законот за ловство, особено во делот учество на сите домашни и странски лица преку електронски систем на наддавање за добивање на концесија на дивечот во ловиштата ја лансира Република Македонија меѓу државите во светот со најуреден и единствен таков пример на можност и транспарентост.
ЈП Јасен од 2011 година е членка на Интернационалниот совет за заштита на дивиот свет и дивечот, која е најголемата интернационална организација за лов.