Лозарите и винарите се договорија – 11 денари за смедеревка, 13 за вранец

67

grozje

Лозарите и винарите од Кавадаречко се договорија да се задржат ланските откупни цени на винското грозје, 11 денари за смедеревка со најмалку 17 шеќерни единици и 13 денари за вранец со 19 шеќерни едници на откупен пункт, пишува Миа во саботата.

Ова е договорено на состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков со претставници на лозарските здруженија и винарските визби во Кавадарци.

Според лозарите и винарите, овие цени би биле најкоректни, поради лошата сезона за грозјето годинава, што ќе предизвика намалување на родот за 30% до 50%. Воедно и винарските визби се соочуваат со проблеми поради намалувањето на цената на виното на светскиот пазар заради големата конкуренција од шпанските вина. Тоа е и причината поради која винарските визби не се во можност да дадат повисоки откупни цени за винското грозје. За другите сорти винско грозје откупните цени ќе се одредат според квалитетот.