Лозарите и винарите се договорија околу откупните цени на грозјето

22

Лозарите и винарите се договорија околу цената на винското грозје. Остануваат ланските цени, 11 денари за смедеревка и 13 денари за кратошија, јавува Миа.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, појасни дека договорениот пакет опфаќа и измена на законот за вино и нормално спроведување на активности од надлежноста на земјоделскиот инспекторат.

“Да се врати старото решение за отплата на рок од шест месеци. Но, во закон ќе биде внесено 20% од грозејто да биде платено по откупот и тоа до 15 декември. Доколку не се почитува тој договор, за винарите ќе има казна од 10%. Следната исплата е предвидена да биде до 15 февруари и тоа 40% од вредноста на количината на откупено грозје. Последната рата да биде до крајот на април, кога треба да бидат исплатени уште 40% од грозјето. Доколку не се почитуваат роковите, договоривме со винариите да има 10% пенали што ќе треба тие да ги плаќаат. Исто така, договорено е оној кој ќе договори откуп на количина грозје со винариите, доколку сака исплата веднаш во рок од 7 дена по извршениот откуп, да му биде исплатено грозјето со 8% намалување од договорената цена”, нагласи Костадиновски.