Лозарите порачуваат 14 денари за вранец, 12 за смедеревка

17

B7D77AD5BABA6847BE6E28C61C2DDB8AЛозарите од винарските визби, чии претставници денес се на средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски, бараат по 14 денари за килограм вранец и 12 за смедервка.

Претседателот на Регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија, Љупчо Аризанов, изјави дека производителите очекуват нивниот предлог да биде прифтен од страна на винарите.

“Бараме цени малку повисоки од лани. Со повисоките цени и со субвенциите што ги добиваме, лозаропроизводството ќе биде исплатливо”, рече Аризанов.

Во најголемиот лозаровинарски регион во тек е бербата на висококвалитетните сорти грозје.