Lufthansa се подготвува за најдолгиот лет

56

Lufthansa на први февруари ќе го изведе најдолгиот патнички лет во историјата на компанијата.

Најновиот авион на авиокомпанијата, Airbus 350 – 900, ќе прелета 13.700 километри без застанување од Хамбург до Фолкландските острови.

Летот би требало да трае околу 15 часа, на којшто ќе патуваат 92 патници, од кои половина се научници, а втората половина се членови од екипажот на бродот Polastern.

Бидејќи хигиенските барања за овој лет се исклучително високи, капетанот на авионот и неговиот 17-член екипаж се во 14-дневен карантин, исто како и патниците. Околу 600 членови од кабинскиот екипаж аплицирале за да бидат дел од овој лет.

Процесот на подготовки е прилично сложен, а опфаќа дополнителна обука за пилотите, управување со гориво достапно во воената база за повратен лет, а авионот во моментот е во Минхен, каде се прават редовните технички прегледи за да може да биде подготвен за ова патување.

Фото: Facebook