Lufthansa тргна на најдолгиот лет во својата историја

17

Германската авиокомпанија Lufthansa вчера тргна на најдолгиот лет без застанување во својата историја, од Хамбург до Фокландските Острови, што е лет долг 13.700 километри.

Овој лет би требало да трае 15 часа и 35 минути, истакна портпаролот на авиокомпанијата.

На летот во воената база Mount Pleasant се наоѓаат истражувачи од германскиот Институт Alfred-Weger и новиот екипаж на германскиот истражувачки мразокршач, Поларстерн.

Кога ќе се приземји на Фокландските Острови, екипажот ќе се префрли на мразокршачот, каде ќе помине два месеца на антарктичкото Веделово Море, собирајќи податоци за климатските услови.

Во нормални услови екипажот би патувал преку Аргентина или Јужноафриканската Република на Антарктикот. Но сега, поради пандемијата на коронавирусот редовните летови не се можни.

Фото: Pixabay