Lufthansa, Turkish Airlines и Aegean во втор круг за приватизација на Croatia Airlines

ca

Во вториот круг за приватизација, односно докапитализација на хрватската национална авиокомпанија Croatia Airlines влегуваат германската Lufthansa, грчката Aegean Airlines и Turkish Airlines, дознава Вечерњи лист.

Во првиот круг интерес за учество во приватизацијата покажале и јужнокорејската Korean Air и тајванскиот Eva Air, но во меѓувреме се откажале.

Одлуката за тоа на кој начин ќе се оди со приватизација на хрватската авиокомпанија, со докапитализација, стратешко партнерство или продажба, треба да биде донесена до пролет следната година. Потоа ќе биде распишан меѓународен тендер, на кој ќе можат да се јават и авиокомпании што досега не покажале интерес за овој авиопревозник.