Лукоил Македонија повторно најдобра компанија на Групацијата надвор од Русија

51

SONY DSC

Групацијата Лукоил – една од најголемите меѓународни нафтено – гасни компании ја прогласи компанијата Лукоил Македонија за најдобрa компанија помеѓу своите фирми – ќерки кои оперираат во 30 земји од светот, надвор од Русија. Со решение на раководството на Компанијата ОАД Лукоил, Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје по втор пат се здоби со признание за Најдобро претпријатие за 2013 година.

За изминатите девет години, колку што Лукоил Македонија постои на пазарот, ова е втора награда од ваков тип, со која се валоризираат успехот и достигнувањата во работењето, квалитетот на услугите, проширувањето на мрежата и финансиските резултати.

Прв пат признание од ваков тип компанијата Лукоил Македонија доби во 2011 година. Истата година компанијата Лукоил Македонија ги пласираше на пазарот новите горива Екто.

Лукоил Македонија го зголеми бројот на бензински станици во земјава и денес тој изнесува 26. Ова е период кога стануваат видливи и впечатливи резултатите од нашиот повеќегодишен труд во Македонија.

Во досегашното работење во Македонија Лукоил наметна нови и повисоки стандарди  на работа во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските станици, со што позитивно влијаеше врз промената на концепцијата и подобрување на конкуренцијата на пазарот.

“Оваа награда за нас е комплимент но, и обврска да бидеме иновативни и подобри“, изјави по овој повод генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј Куку.

Светскиот познат бренд Лукоил, една од најголемите меѓународни нафтено – гасни компании, денес обезбедува 2,2% од светската нафта.