Луксузен хотел авион од Emirates

37

Emirates, авиопревозникот од Дубаи, лансираше приватен луксузен авион кој слободно може да се опише како летечки хотел.

Airbus-A319-aircraft

Па така подобраната верзија на Airbus A319 вклучува 10 приватни апартмани кои целосно се затвораат. Во нив има кревети на кои може да удобно да лежите додека гледате телевизија на рамниот 32 инчен екран.

Emirates-Executive-shower-spa

Тука ќе најдете простран туш со спа каратеристики, подно греење, мермерни додатоци, природна козметика за нега на кожа и лускузни тоалети од Bulgari.

Emirates-Executive-lounge-area

Главниот салон се приспособува според потребите на гостите, било да е тоа бизнис цетар за видео конференција  и состаноци, или пак удобна дневна соба.

Emirates-luxury-private-jet-service

Сето ова благодарение на масите кои се активираат механички, двата 42 инчни LCD телевизори и двете гарнитури за седење.

Emirates-Executive-dining-area Гостите ќе можат да избираат од 1500 канали за забава, да сурфаат на брзиот интернет и да ги вкусат врвните јадења од менито и сето тоа додека безбедно летаат во височините. Луксузниот авион може да смести до 19 гости.

Emirates-Executive-Private-Suites

Лансирањето на вакви приватни летови доаѓа од зголемената побарувачка од пазарите во Блискиот Исток, Европа, Индија, Русија и Кина, велат од авиокомпанијата.