Луксузен сет за покер од Алфред Данхил

30

Постојат многу луксузни сетови за покер, но ниеден од нив не е ништо во споредба со сетот за покер од Алфред Данхил. Овој луксузен сет изработен од карбонски влакна ви овозможува да играте покер како најголемите мајстори, а сепак во домашни услови.

Колоритните алуминиумски чипови и картите обложени со сребро по краевите се уредно спакувани во лукзузна кутија од карбонски влакна.

Сетот вклучува и пет прекрасни коцки за покер, заедно со 300 алуминиумски чипови во одбрани бои и двата шпила карти, на кои е врежан симболот на старата Британска школа за покер.

Куферчето во кое е сместен сетот за покер се отвора на лизгање и е целосно направено од сјајни карбонски влакна во црна боја. Сетот за покер на Алфред Данхил чини 695 долари и може да се нарача преку официјалната страна на Данхил. Останува само да го поканите вашето друштво дома и да го испробате овој елегантен сет.