Луксузни крузер велосипеди made in БиХ на светските пазари

73

bih2

Компанијата GS-TMT од Травник, веќе со години успешно произведува велосипеди што ги извезува од БиХ. Станува збор за луксузни крузер велосипеди кои имаат карактеристичен ретро изглед, специфична положба на возачот и големи тркала, пишува еКапија.ба.

Рамовите на велосипедите се рачно направени од челични цевки. Овие велосипеди се наменети за средени патеки. Не се наменети за поголеми брзини и перформанси, туку за лесно возење и уживање. Со производство на ваков вид велосипеди почнале откако по истражување на пазарот заклучиле дека сегментот на луксузни крузер велосипеди во ЕУ не е добро покриен.

bih1

Моментално работат на развој на електричен велосипед и очекуваат првиод модел да се појави на пазарот кон крајот на следната година. Фокусот на компанијата ќе бидат пазарите на Европа, Азија, Америка и Австралија. Што се однесува до БиХ, директорката на GS-TMT, Снежана Копрунер не е оптимист дека ваквиот велосипед ќе најде купувачи. Како причина за тоа таа гледа во фактот што луѓето се уште не ги користат доволно велосипедите како превозно средство и во несредените велосипедски патеки во земјата.