Прекрасниот Quattroporte, кој е производ од соработката помеѓу италијанската модна куќа Ermenegildo Zegna и познатиот произведувач на луксузни автомоблили Maserati, се очекува да излезе во строго лимитиран број следната година.
Употребувајќи истовремено модерен и класичен дизајн како инспирација, внатрешноста на автомобилот ги има сите обележја на седан со пет врати, но деталите се постигнати со понежни тонови и со помека кожа, како и со други природни такенини се со цел да се создаде попријатна кабина.
Надворешноста, односно контрасната боја на автомобилот е постигната со ултра фини алуминиумски пигменти, кои ја апсорбираат и одбиваат светлината, првично сместени во сјајна црна обвивка, за да сето тоа финишира со ефект на платина.
Луксузниот Quattroporte концепт ќе го има своето официјално деби на автомобилското шоу во Франкфурт на 10 септември, каде се очекува Maserati да открие повеќе детали во врска со цената и колку автомобили ќе бидат произведени, со оглед на строго лимитираната серија.