Лула: БРИКС нема за цел да се спротивстави на други меѓународни организации

74

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека земјите-членки на БРИКС немаат за цел да предизвикуваат други меѓународни организации или актери, како што се Г7 или САД, туку „да го организираат глобалниот југ во развој“.

„Не сакаме да бидеме контрапункт на Г7, Г20 или САД. Ние само сакаме да се организираме“, рече Лула за време на неговото обраќање на самитот на БРИКС во Јужна Африка, пренесува Ројтерс.

Лула повторно повика на воспоставување некаква заедничка валута за земјите од БРИКС, со оценка дека овој потег нема да има за цел да го „отфрли“ американскиот долар или да ги замени домашните валути, туку да ја олесни трговијата на земјите во развој со нивните валути.