Луштица Беј: Продадени над 150 луксузни станови по 5.000 евра за метар квадратен

86

lustica bay

Швајцарската компанија Orascom Development holding го претстави проектот за изградба на ексклузивното летувалиште Луштица Беј, покрај Тиват. Станува збор за првата гринфилд инвестиција во Црна Гора во која, само во првата фаза од изградбата, ќе бидат вложени околу 1,1 милијарди евра, пишува Екапија.

“Луштица беј се гради на површина од околу 2,2 милиони метри квадратни и во првата фаза ќе бидат изградени седум хотели од висока категорија и две марини, една за 170 бродови и помала за околу 50 јахти“, рече Дарен Џибсон, директор на компанијата Luštica Development.

Овој луксузен комплекс е сместен меѓу Бока Которска и Будванската ривиера, а првите градежни активности започнаа пред две години. Во мај оваа година, првите 70 сопственици на станови, ќе ги добијат клучевите од своите недвижнини и ќе се вселат во завршените станови.

Цената на недвижнините во овој комплекс се во просек од 5.000 евра за метар квадратен, почнувајќи од 235.000 евра колку што е цената за еден апартман, додека почетната цена на вилите е 1,8 милиони евра. Во овој момент, Луштица беј нуди недвижнини во зоната на марината, поточно се продаваат осум згради со 43 станови, 14 куќи и четири вили. Досега се продадени повеќе од 150 станови во првата фаза, а вселувањето ќе биде во мај оваа година.