Лувр е повторно отворен за посетители

26

Денеска повторно се отвора музејот Лувр во Париз, но со одредени ограничувања поради епидемијата на коронавирус. Некои делови од најпосетуваниот музејски комплекс на светот сепак ќе бидат затворени за посетителите.

Лувр беше затворен на 13-ти март, поради што музејот забележа загуби од над 40 милиони евра, изјави директорот на музејот, Жан-Лук Мартинез.

“Во најдобар случај, ќе имаме од 20 до 30% од посетителите во однос на бројот што го имавме минатото лето, што е помеѓу 4.000 и 10.000 на ден“, рече тој.

Санитарните мерки ќе останат на сила најрано до септември, односно задолжително носење на маска, започнувајќи од возраст од 11 години. Посетителите ќе треба да дојдат опремени со маска, бидејќи музејот нема да им ја дава.

Во музејот постои добро утврдена патека за посетата која се советува, но која може да не се почитува ако нема многу посетители. За да се види Мона Лиза или Жаконда, сега ќе се влегува преку Големата Галерија и ќе се излегува на другата страна од салата Државната сала, преку салата Сенон. Пред сликата на Мона Лиза поставени се столпчиња и ленти, со цел да им се дозволи на посетителите да го зачуваат растојанието.

Од 10 милиони посетители во 2018 година, скоро три четвртини се странски туристи.

Фото: Facebook