Лувр ја рекреираше Мона Лиза во 3D по повод изложбата во чест на Да Винчи

125

Музeјот Лувр, којшто се наоѓа во Париз, по повод изложбата во чест на Леонардо Да Винчи го рекреираше неговото ремек дело Мона Лиза во 3D верзија.

За таа цел, музејот склучи партнерство со компанијата HTC VIVE, за да создадат единствено искуство во виртуелна реалност, пишува Designboom.

Проектот е наречен Мona lisa: Вeyond the glass, (Мона Лиза: Зад стаклото), а за да се изработи користени се инфрацрвени, Х-зраци и рефрактивни податоци.

На овој начин посетителите можат да видат како би изгледала Мона Лиза во движење, да откријат детали од техниката на уметникот и идентитетот на девојката.

HTC во музејот обезбеди специјална соба каде што посетителите ќе можат да го доживеат ова виртуелно искуство. Изложбата во чест на 500-годишнината од смртта на Да Винчи ќе трае се до 24 февруари 2020 година.

Фото: HTC VIVE