Фото: Facebook
Lycamobile за 60% ги намали цените на националните месечни пакети, стои во соопштението.
Корисниците ќе може да користат пакет со неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и 8 GB интернет за само 384 денари месечно. Уште повеќе, пакетите на Lycamobile за мобилен интернет се движат од само 59 денари месечно за 1 GB до 249 денари месечно за дури 7 GB.
Дополнително, со секое надополнување на сметката корисниците ќе добијат уште 1 GB бесплатен интернет којшто можат да го користат цел месец, додека корисниците што ќе го префрлат нивниот мобилен број во мрежата на Lycamobile ќе добијат 336 денари бесплатен кредит.
Lycamobile е мобилен виртуелен оператор којшто опслужува 15 милиони корисници во 21 земја, со забрзан тренд на ширење кон нови пазари.