Lyconet – бизнис можност за секого

57

PFZ_6641Lyoness претставува најголемата куповна заедница во светот која им враќа предности на своите членови при секое нивно пазарување направено кај трговските партнери на Lyoness. Компанијата Lyoness има два дополнителни бренда Lyconet – платформа која нуди можности за дополнителни приходи од провизии до можности за финансиска независност и Cashback Solutions – лојална програма креирана за ги да ги исполни потребите на сите видови на трговци, од различни сектори на работење, вклучувајќи малопродажба и големопродажба.

Името на брендот Lyconet е скратеница од Lyoness Community Network, нагласувајќи го чувството на солидарност во рамките на заедницата. Lyconet им овозможува на Lyoness членовите можности за бизнис преку ширење на куповна мрежа во рамките на компанијата Lyoness. Со брендот Lyconet се поддржува концептот на пасивен приход. Секој член има можност да се искачува на кариерната скала и да заработува неограничено од секојдневни купувања на потрошувачите ширум светот.

На 30.06.2016, во Хотелот Александар Палас со почеток од 19 часот се одржа Lyconet Day настанот. На овој настан присуствуваа повеќе од 600 членови и беа доделени награди на сите оние кои достигнале одредено кариерно ниво (кариерната скала брои 8 нивоа). Парични награди, како и плакети беа доделени на 207 лица за достигнато кариерно ниво 1, 67 за достигнато кариерно ниво 2, 26 за достигнато кариерно ниво 3, 10 за достигнато кариерно ниво 4, 3 за достигнато кариерно ниво 5 и 1 награда за достигнато кариерно ниво 6 (највисоко достигнатото кариерно ниво во Македонија).

Сите заинтересирани за дополнителни информации можат да добијат потребни информации секој вторник во хотелот Континентал од 18 часот.