Lyconet Day настан во Македонија

59

lyconet-day

Lyoness, најголемата куповна заедница во светот активна во 47 земји, во саботата (04.02) во хотелот Александар Палас одржа конференција на која директорот Радован Витошевиќ ги презентираше постигнувањата на компанијата во изминатата година во Македонија. Дополнително, пред присутните ги претстави и целите за идниот период и визијата за развој. Притоа им беа доделени и признанија на најуспешните Lyconet маркетери во Македонија, стои во соопштението.

Одличните резултати ги покажуваат над 140.000 задоволни Cashback купувачи кои пазарат на 1.000 Cashback локации во Македонија. Со над 100.000 трансакции месечно и со повеќе од 5.500 нови активни членови секој месец, предвидувањата за иднината се и повеќе од одлични – над 200.000 активни членови и 1.000 трговски партнери.

Со само една бесплатна картичка, секој член на оваа голема Cashback заедница, која е во постојан подем, може да оствари многу поволности при купувањата. Lyoness Cashback картичката е поврзана со 600 трговски партнери во земјата и со преку 70.000 трговски партнери во светот.

Според информациите на Deloitte, 88% од бизнисите кои инвестираат во лојална програма се попрофатибилни од конкуренцијата. Токму тоа им го нуди Lyoness преку нивните Cashback Solution лојални програми на своите постоечки и потенцијални трговски партнери.

Под мотото Заедно сме посилни, Lyoness Македонија има големи, но реални очекувања за иднината.

Нивната цел е 500.000 лица секојдневно да ги уживаат Lyoness предностите, а на 4.000 компании во Македонија, со мала инвестиција да им овозможат да станат дел од интернационална лојална програма и да добијат уникатна алатка за развој. Со тоа, ќе придонесат и за развојот на домашната економија.