Најголемата куповна заедница во Македонија – Lyoness сака да ги извести сите свои лојални членови за најновата промена при означувањето на трговски партнер.
“Отсега кај трговските партнери наместо Lyoness Cashback Points, ќе стои ознаката (налепницата) Cashback Card. Кај секоја од продавниците каде што ќе ја видите оваа нова ознака слободно можете да уживате во купувањето, а воедно и да профитирате“, стои во соопштението.
Lyoness е компанија која постојано се грижи за своите членови и нуди голем број бесплатни предности: Cashback, Shopping Points и Пријателски Бонус.
Потребно е корисниците да се најават на страницата на Lyoness Македонија (www.lyoness.mk) и да ги следат упатствата за користење на сите предности кои што следуваат како член на Lyoness семејството.