Lyoness со помош за шест семејства жртви на минатомесечните поплави во Скопје

26

Фондацијата Lyoness Child & Famiy, во соработка со Lyoness Македонија, започна со реализација на опширен филантропски проект за помош на шест скопски семејства чии домови беа уништени од разорните поплави изминатиот месец.

Со единствена цел обезбедување на услови овие погодени семејства што побрзо да успеат да го вратат својот живот во нормала, фондацијата обезбеди одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинството (шпорети, фрижидери, машини за перење и друго), како апарати кои претходно беа утврдени како потребни за засегнатите семејства.

Првото семејство кое својата долго очекувана помош во вид на апарати за домаќинство веќе и ја користи е семејството Стевковски од село Стајковци. Токму ова тричлено семејство во своите најтешки моменти го почувствува вистинското значење на корпоративната филантропија која ја споделува Lyoness, а тоа е: активирање на човечки ресурси и средства за помош на оние помалку среќни луѓе на кои помошта им е најдобредојдена.

Согласно текот на преземените активности, останатите фази за комплетна реализација на започнатата хуманитарна активност за помош на уште пет скопски семејства, чии домови беа оштетени од минатомесечните поплави во Скопје, ќе бидат завршени во периодот од следните недели.