Загрепската М Сан група отвори нова производна линија за LED ТВ уреди од сопствената марка Vivax, а вкупната вредност на инвестицијата во погонот во Ругвица изнесува 380.000 евра. Капацитетот на производната линија е 84.000 телевизори годишно, а во план е дополнително вработување на нови работници.
Ова е прва производна линија од овој вид во Хрватска, а главниот пазар на Vivax LED телевизорите ќе бидат Хрватска и земјите од Европската унија, стои во соопштението од Групата.
Во план е и проширување на понудата на оваа марка на сегменти од потрошувачка електроника, како мали апарати за домаќинство, клима уреди, аудио техника, па се до таблети и паметни телефони.
Vivax е бренд на М Сан Група создаден во 2003 година и до сега успеа да се пробие на пазарите во регионот, западна Европа, Африка и Јужна Америка. Досегашните вкупни приходи на Vivax изнесуваат преку 173 милиони евра, а од компанијата проценуваат дека пазарниот удел на Vivax LED телевизори во Хрватска е околу 8%.