Мачу Пикчу по осум месеци повторно отворен за туристи

213

Светиот град на Инките, Мачу Пикчу е повторно отворен за туристи откако скоро осум месеци беше затворен поради пандемијата, пренесуваат светските медиуми.

Отворањето на овој комплекс ќе биде ограничено поради здравствената ситуација, па влез е дозволен на само 675 туристи дневно, што е околу 30% од дневниот број на туристи од пред пандемијата.

Туристите мора да одржуваат физичка дистанца, иако во Перу опаѓа бројот на лица заразени со Ковид-19.

“Повторното отворање на Мачу Пикчу покажува дека Перуанците се ‘отпорни’“, рекол министерот за надворешна трговија и туризам на Перу, Росио Бариос.

Фото: Freepik