Мадрид забранува приватно сместување пократко од пет дена

26

madrid

Регионалната влада во Мадрид го ограничи минималниот престој од пет ноќи во приватно сместување, како и ограничување на употребата на Airbnb и други услуги за приватно сместување во градот, пренесува порталот skift.com.

Физичките лица кои нудат приватно сместување ќе мора да исполнат одредени стандарди кои се однесуваат на цената, големината и достапноста на услугата. Овој потег на тамошната влада следи откако минатото лето беше донесен закон со кој приватното сместување е во надлежност на локалните власти.

Шпанското Министерство за финансии проценува дека само во 2010 година нерегистрираните сместувачки капацитети оствариле четири милијарди долари приход. Должничката криза го зголеми бројот на невработени, со што над шест милиони семејства во Шпанија единствено егзистираат со издавање соби или делови од нивните куќи на туристи.