Maersk си го зголеми профитот во време на пандемија

30

Зголемената побарувачка за производи како што се мебел и опрема за вежбање во време на пандемија поттикнаа скок на добивката на данскиот логистички гигант Moller Maersk во 2020 година.

Приходите на ниво на групација пораснаа за 2,2% на 39,7 милијарди долари, а добивката пред оданочување се зголеми за 44% на 8,2 милијарди долари. Во последното тримесечје од минатата година, добивката била скоро двојно зголемена на 2,71 милијарда долари, потпомогнато од високото ниво на трошоци за транспорт и ниски цени на горивата.

Поголемиот дел од производите за широка потрошувачка се транспортираат преку логистички компании како што е Maersk, со голема флота на бродови за контејнерски превоз.

Фото: Facebook