Maersk за две години претставува брод со нулта емисија на штетни гасови

32

Данската бродска групација, Maersk соопшти дека ги забрзува плановите за декарбонизација на бродскиот контејнерски транспорт. Таа го планира првиот брод со неутрална емисија на јаглерод диоксид за 2023 година, седум години порано од првобитниот план.

Оваа бродска компанија, што учествува со околу 80% во глобалната трговија и има удел од околу 3% во глобалната емисија на јаглерод диоксид, минатата година вети дека до 2030 година ќе има бродови и гориво со нулта емисија на штетни гасови, пренесува Ројтерс.

“Следејќи го брзиот напредок на технологијата и зголемената побарувачка на клиентите за одржливи учесници во ланецот на снабдување, Maersk ќе ги забрза напорите во насока на декарбонизација на својот бизнис преку првиот јаглерод – неутрален брод контејнер во 2023 година“, се наведува во соопштението на компанијата.

Овој брод ќе користи метанол како гориво.

Фото: Pixabay