Mastercard размислува да го укине брендот на дебитни картички Maestro ширум светот, јавуваат светските медиуми.
Како една од причините за потенцијалното укинување на Maestro е недоволната профитабилност на брендот и ниските провизии на картичките.
Овие картички, како што се наведува, не се користат во продажбата преку интернет, сегмент којшто има најголема стапка и потенцијал за раст.
Mastercard го основаше брендот Maestro во 1990-та година.
Фото: Pixabay