Магазинот Time Out ја објави листата на најдобри градови во светот за 2021 година

86

Титулата за најдобар град во светот ја понесе Сан Франциско, според анкетата на магазинот Time Out. Тие направија листа на најдобри градови во светот во 2021 година, која се темели на мислењето на 27.000 анкетирани жители.

Во текот на истражувањето, биле рангирани ноќниот живот, рестораните и културните настани во секој град, како и чувството на заедница во секој град, што, според нив, е особено важно во пандемијата. Во истражувањето се вклучени и еко-иницијативите на градовите, посветеноста кон активизмот во градот, како и љубезноста и гостопримливоста на градот.

Time Out вели дека „ненадминливата комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“ го стави Сан Франциско на првото место.

Овој град исто така го пофалија и поради неговиот одговор на пандемијата, бидејќи има и една од највисоките стапки на вакцинирани во САД. И среде карантинот, граѓаните најдоа начин да останат поврзани, а градските улици во моментов се налик на една голема забава на отворено.

На листата на 10-те најдобри градови во светот според истражувањето на оваа компанија се и Амстердам, Манчестер, Копенхаген, Њујорк, Монтреал, Прага, Тел Авив, Порто и Токио.

1. Сан Франциско, Калифорнија, САД,

2. Амстердам, Холандија,

3. Манчестер, Англија,

4. Копенхаген, Данска,

5. Њујорк, САД,

6. Монтреал, Канада,

7. Прага, Чешка,

8. Тел Авив, Израел,

9. Порто, Португалија,

10. Токио, Јапонија.